Сила, самодоверба, добри автомобили, фатален шарм и убави девојки… Сигурно секој маж на светот барем еднаш посакал да биде Џејмс Бонд. Но за да ги освојувате жените како 007 не треба да бидете таен агент на англиското кралство.
Тајната магнетската привлечност на Бонд лежи во целокупниот негов карактер и начин на однесување.Таа не се сведува само на убавата облека што тој ја носи и познавањето на вина, вистинскиот заводник мора да биде интересен, со широки интереси и познавања и вешт со зборови. Ваквите квалитети сигурно нема да ги стекнете гледајќи во екранот на телевизорот и компјутерот. Затоа запишете се на курс за некој странски јазик, почнете да читате книги и секако да се бавите со било каква физичка активност.
Боречки вештини и падобранство би биле совршени, но и обично џогирање од 20 минути дневно не е за фрлање. Смислата за хумор е уште еден плус на листата. Џејмс Бонд во секоја ситуација ја наоѓа иронијата на животот и нејзината смешна страна, знае да каже по некоја шега и притоа да ја зачува својата сериозна фаца. Иако жените сакаат мажи со смисла за хумор, сепак кловнови или секогаш насмеани мажи им се одбивни. Не заборавајте дека вистинскиот заводник не се плаши да и пристапи на жената и секогаш е спремен за акција. Ако некоја го одбие, друга ќе падне на неговиот шарм.
Уште неколку корисни совети:
– Бонд е толку привлечен бидејќи е секогаш опкружен со убави девојки. Следниот пат кога ќе посетите ноќен клуб, поканете ја и вашата згодна пријателка да ви прави друштво.
– Една од главните причини зошто 007 е толку привлечен е адреналинот што доаѓа од бркањето со брзи коли или скокањето во море од хелихоптер… Затоа нареден пат, закажете го состанокот со девојката на картинг, во лунапарк или нешто слично што ќе го појача нивото на адреналин кај неа, а со тоа и на сексуалното возбудување.
– Не заборавајте, Џејмс Бонд е толку успешен поради ладнокрвноста и смиреноста што ја покажува во секоја ситуација. Тоа е една од главните работи што жените ги бараат кај мажите – сталоженост и можност да ги заштитат.
Поврзани статии:
Адел ќе ја изведе насловната нумера за новиот Џејмс Бонд филм
Фото-галерија: Сите досегашни Бонд девојки
Денес е светски ден на Џејмс Бонд
Пронајдете не на следниве мрежи: