Никола Карабатиќ исфрлен од репрезентацијата

 

Никола Карабатиќ, со одлука на селекторот Клод Онеста, повеќе не член на ракометната репрезентација на Франција.

Еден од најдобрите светски ракометари, поради обложувачкиот скандал не е повикан во составот на репрезентацијата која е актуелен светски и олимписки шампион. 

Селекторот Онеста, покрај Карабатиќ, за квалификациските натпревари со Турција и Литванија, во репрезентацијата не го повика ниту Самјуел Орумбија, кој исто така е обвинет во обложувачкиот скандал. 

Меѓу „триколорите“ за споменатите натпревари го нема и Жером Фернандез кој е повреден, додека Жиом Жил се по Олимписките игри во лондон се прости од националниот тим.

 

Макфакс

извор: макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: