Парични казни за „Калчополи“

 

Италијанскиот суд изрече парични казни, кои актерите во скандалот „Калчополи“ од 2006 година, ќе мора да му ги платата на Фудбалскиот сојуз на Италија (FICG).

Најлошо поминаа тогаш водечките луѓе на судиската организација, Паоло Бергамо и Пјерлуиџи Паирето. Бергамо е казнет со милион евра, а Паирето со 800.000 евра. 

Поранешниот потпретседател на FICG, Иноченцо Мацини ќе мора да уплати 700.000 евра, а тогашните судии Масимо де Сантис и Тулио Ланезе се казнети со по 500.000 евра. 

Останатите деветмина казнети добија помали парични казни. 

По откривањето на големиот скандал во 2006 година, на Јувентус му беа одземени две шампионски титули и беше прекомандуван во Серија Б. Неколку други тимови, меѓу кои беа Милан и Фиорентина беа казнети со одземање на бодови.

 

Макфакс

извор: б92

Пронајдете не на следниве мрежи: