Тренерот на Реал, Жозе Мурињо, го повика Роберто Карлос да се врати во Мадрид. Интересно, Мурињо не му нуди на Бразилецот некоја од функциите во клубот, туку го повика повторно да се активира како играч.
Мурињо, има сериозни проблеми на левата бековска позиција, бидејќи и двајцата фудбалери кои настапуваат на тоа место, Коентрао и Марсело, се повредени. Повреден е и Арбелоа, чија природна позиција е покрај десната аут линија, но кој може да одговори на задачите и на спротивната страна од теренот.
Инаку, Роберто Карлос, во март годинава, официјално ја заврши богата играчка кариера, во моментов е спортски директор на Анжи од Махачкала. 39-годишниот Карлос во Реал мина 11 години од 1996 до 2007, во тој период освои многу трофеји, меѓу кои три во Лигата на шампиони и четири во првенството на Шпанија.
Мурињо верува дека Роберто Карлос се наоѓа во извонредна форма и дека би можел многу да му помогне на неговиот тим.
Макфакс
извор: vlm
Пронајдете не на следниве мрежи: