Нов пораз за Атлетико Мадрид, екипата за која настапува капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров, во Лигата на шампиони.
Атлетико во четвртото коло загуби во Шведска од Савехоф со 35:30. Лазаров, на овој меч, беше најефикасниот играч на тимот со шест постигнати голови. Атлетико, кој е актуелен европски вицепрвак, веќе има три порази во новата сезона во ЛШ и се наоѓа на четвртата позиција во Б групата. Лидери во оваа група се Кил и Веспрем.
Во групата Ц, во која Металург има максимален ефект во првите три кола, Горење забележа убедлива победа од 31:23 над Силкеборг. Металург, натпреварот од четврото коло ќе го одигра во сабота, противник ќе му биде Санкт Петербург.
Фихсе Берлин, во рамките на Д групата го победи Шафхаузен со 31:27.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: