Романтиката умира, редок е бакнежот за добра ноќ

Најновите анализи и анкети на познатите американски списанија кои се занимаваат со тематиката на врските и брачните односи, велат дека романтиката полека но сигурно замира во нашите животи.

 

Порано луѓето знаеа да бидат романтични, да прават гест кон својот партнер, да купат еден цвет без повод, да направат романтична атмосфера. Денес тоа не е случај, се повеќе луѓето имаат ладни и неемотивни врски. Зошто е тоа така?

 

Зар умре романтичното во нас? Многу од двојките денес, ретко разменуваат нежности во текот на денот, ретко си праќаат смс пораки со романтична содржина, ретко велат дека се сакаат, ретко поминуваат романтични мигови.

 

Брзината на животот денес тоа го налага, да не внимаваме на нашата врска како порано, сега се е рутина, секојдневие. Анализите покажуваат дека дури половина од брачните двојки денес, не разменуваат ни бакнеж за добра ноќ и за добро утро. Ретко го пијат утринското кафе со својот партнер, секогаш брзаат некаде, немаат време за романтика и внимание. Уште поретко денес се прават романтики како на пример, да го изненадиме нашиот партнер со некој мал гест, подарок, вечера, романтичен филм.

Современиот начин на живот ни налага да живееме во свет на интернет страст, разменување знакови наместо гестови, и пораки на facebook наместо гледање и дружба во живо.

Пронајдете не на следниве мрежи: