Проком и Уникаха го отворија второто коло во кошаркарската Евролига, победа по голема борба забележа шпанскиот тим. До триумфот шпанскиот тим го предводеа Вилијамс со 18 и Уртасун со 14 поени, најпрецизен кај Проком беше Кошарек со 16 кошеви.
Во четврток на програмата се четири средби во елитната кошаркарска конкуренција, од македонските кошаркарски репрезентативци на теренот ќе се појави Предраг Самарџиски. Членот на Лијетувос Ритас на домашен терен ќе игра против Барселона.
Во петок, актуелниот европски првак Олимпијакос, со Перо Антиќ во тимот ќе гостува кај Анадолу Ефес, додека Лестер Бо Мекејлеб со Фенербахче во Љубљана ќе и се спротистави на Олимпија.
Четврток, 18. октомври:
Група А:
Панатинаикос-Канту
Група Б:
Алба-Шалон
Макаби-Сиена
Група Д:
Лијетувос Ритас-Барселона
Партизан-ЦСКА Москва
Бамберг-Бешикташ
Петок, 19. октомври:
Група А:
Химки-Реал Мадрид
Олимпија-Фенербахче
Група Ц:
Анадолу Ефес-Олимпијакос
Цедевита-Армани
КахаЛаборал-Жалгирис.
Макфакс
извор: макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: