Враќањето на Alfa Romeo на американскиот пазар е одложен за 2014 година, а според сегашните информации, италијанската компанија на другата страна од Атлантикот ќе претстави четири модели одеднаш.
Еден од овие четири модели ќе биде првиот SUV, на Alfa Romeo, чии фотографии можете да ги погледнете. Овој прототип се наоѓа во процесот тестирање, а засега знаеме дека ќе има погон на сите тркала, кои 60 проценти од обртниот модел ќе биде на задната осовина.
Првиот SUV на Alfa нема да има толку звучно име – CXover и ќе има должина од 4.4 и ширина од 1.8 метри, а ќе биде основан на платворма од моделот на Jeep.
Овој теренец ќе биде придвижуван од 2.0 литарски бензиски мотор со турбо компресор и ќе произведува околу 300 КС.
Пронајдете не на следниве мрежи: