Оралниот секс, како и сите други видови на секс не е забранет но не е ни игра. Користете кондом и уживајте во она што и двајцата го сакате…
До пред 10-15 години оралниот секс беше една табу тема. Тогаш беше познатиот скандал со Клинтон, а сега за тоа се разговара и на кафе со другарките, и на пиво со другарите.
Сите некако се опуштија околу таа тема, а истражувањата покажуваат дека 98% од популацијата имаат некакво искуство со оралниот секс.
Оралниот секс може да дел од убава, здрава врска помеѓу созреани личности кои се сакаат. Иако статистиката во Америка покажала дека тинејџерите се тие кои практикуваат најмногу орален секс. Сепак може да се случи партнерите да не сакаат орален секс. Тоа е во ред и е сосема нормално.
Сепак ви приложуваме неколку факти за оралниот секс кој можеби не ви познати:
1. Оралниот секс го зголемува ризикот од добивање рак на грлото
Рак? Да, можете да добиете рак на грлото од оралниот секс според Американското друштво за борба против ракот. Не од оралниот секс сам по себе, туку од ХПВ вирусот кој се пренесува по сексуален пат, вклучувајќи го и оралниот секс.
Истражувањата покажуваат дека некаков вид на канцер може да биде предизвикан со некои видови на ХПВ вирусот и непцата на грлото. Имајте во предвид дека носителите на вирусот може да бидат и мажи и жени и дека тој проаѓа без никакви физички и очигледни манифестации. Затоа ништо без кондом!
2. Оралниот секс може да ја зацврсти вашата врска, но може и да ве одалечи од вашиот партнер доколку не се сложувате по тоа прашање.
Не постои забранета работа во сексот помеѓу созреани партнери. Дозволено е се што сакаат и двајцата и во кои и двајцата ќе уживаат. Иако оралниот секс може да доведе до чувство на блискост и интимност помеѓу партнерите, тоа може да ја уништи врската доколку некој од нив не ужива во самиот чин и е под некаков притисок.
Во тој случај разговорот може да помогне. Ако сте загрижени во поглед на хигиената, мирисот или вкусот, отворен разговор е единственото решение. Исто така ако не сте сигурни што треба да направите, разговарајте, опуштете се и пробајте пак. Ако оралниот секс дефинитивно не ве привлекува, не треба да се загрижувате бидејќи некој кој ве сака нема да има проблем со тоа. Важно е само околу сето тоа да отворено да се разговара.
3. Оралниот секс е секс како и секој друг
Тоа значи дека орален секс без заштита е неприфатлив. Сексуално преносливите болести како ХИВ и ХПВ, херпес, сифилис, гонореја, хепатитис можете да ги добиете и преку незаштитен орален секс.
Оралниот секс не е синоним за безбеден секс. Опасноста од некаква болест е можеби помала за разлика од сексуалниот чин со пенетрација, но сепак постои. Затоа не си играјте-користете кондом!
4. Тинејџерите често практикуваат орален секс
Истражувањата покажуваат дека тинејџерите денес често практикуваат орален секс, бидејќи на него не гледаат како на сексуален чин туку на нешто кое 'не се смета'. Зошто е тоа така? Веројатно затоа што во тие години, примарниот страв од забременување е подалечен. Имено со практикување на орален секс, се намалува можноста родителите да дознаат дека детето има сексуални односи или да има било какви непријатности.
Оралниот секс како и сите други видови на секс, не е забранет но не е ниту игра. Користете кондом и уживајте во она кое и двајцата сакате да го правите…
Пронајдете не на следниве мрежи: