Зошто мора да го посетите Амстердам?

Одговорот на ова прашање може да биде многу едноставен: Затоа што во прашање е еден од најубавите и најнеобичните градови во Европа.

Амстердам е град карактеристичен по холандската архитектура, каналите, бродчињата и мостовите. На почеток, ќе имате впечаток како градот да затанал во времето, поточно во 17 век, златното доба на Холандија. Многу европски престолниони изобилуваат со историски знаменитости, но она што го прави Амстердам посебен е тоа што речиси секоја градба во центарот на градот е истовремено и културен споменик и нечиј дом, односно има во себе и историски и модерен дух. Токму поради овие знаменитости, Амстердам се нарекува “музеј на отворено”.

Несомнено е дека Амсетрдам ќе ги исполни сите ваши очекувања: од уживање во прекрасните пејзажи и споменици до шопинг и забава.

Амстердам е една од уметничките престолнини на Европа. Една од причини зошто милиони туристи годишно го посетуваат овој град се музеите кои носат имиња на некои од златните холандски уметници, како “музејот на Ван Гог”, “Рајксмузеј” и “Стеделијк музеј”, кои се дел од педесетте музеи кои се наоѓаат во Амстердам.

Во Амстердам ќе најдете дефинитивно се што ќе посакате! Од романтични пејзажи, до прославениот “Red light district”, од холандското сликарство до шопинг. Амстердам е истовремено град на забава и град на култура. Можете да уживате во прошетка низ градот или пак во централниот парк, а можете и да им се придружите на големите групи туристи кои неуморно се обидуваат да го фатат секој детал на градот со својот фото-апарат.

Амстердам е град на толеранција, забава, различност, историја и одличен превоз! Во овој град вашата дестинација никогаш не е предалеку, ако ја следите старата поговорка: Додека сте во Рим, однесувајте се како вистински Римјанин, што во конкретниов случај значи да го разгледувате Амстердам како вистинските мештани – на велосипед, се разбира!

 

Пронајдете не на следниве мрежи: