Што мислат мажите додека мастурбираат?

Дали некогаш сте се запрашале што се случува кога тој има ‘приватна забава’? Знаете ли дека познатата сцена од филмот ‘American pie’ не е само бујна фантазија на сценаристот…

Во студија објавена во Соединетите Американски држави, која се занимавала со средношколците и мастурбацијата, се донел заклучок дека машките ги возбудуваат оние работи кои вообичаено не ги сметаат за привлечни…

Дури и нивните природни нагони во врска со тоа колку често ‘ги земаат работите во свои раце’ и каде се фасцинантни бидејќи ретки се приликите кога ќе добиете прилика да ѕирнете во тој машки свет.

Затоа списанието ‘Cosmopolitan’ во анонимна анкета се обиде да ги открие тајните на машкото самозадоволување…

Погледнете што имаа да изјават тие:

‘Речиси секое утро после вечер со феноменален секс, се обидувам да ја оживеам таа вечер со соло сеанса. Тоа е најсвежиот и највозбудливиот начин кој постои’-објаснува еден од анкетираните

‘Мастурбирам, иако имам девојка. Тоа е така бидејќи колку и да е таа добра, никој не ме знае подобро од самиот јас’

‘Не живеам сам, туку со цимери па така мастурбирам кога се туширам. На тој начин не се грижам дали некој ке налета или ќе ги чуе звуците кои ги правам’

‘Седам така и размислувам и се прашувам зошто мојата рака не се претвори во вагина?’

‘Често размислувам за голи жени кои си играат со желе. Чоколаден пудинг има ист ефект. Потоа замислувам како го лижам тоа од нив’

‘Обожавам да се ‘опуштам’ додека гледам порно филмови, но го имам тоа правено и додека имам возено автомобил, во тоалет на аеродром, во мојата канцеларија па дури и додека ги гледав фотографиите на мојата другарка.’

‘Сакам да носам ракавици додека го правам тоа. Омилени ми се оние од латекс, кои се користат за лекарски прегледи. Исто така користам и сатенски ракавици. Во прашање е материјалот и текстурата кои даваат различни чувства на задоволство.’

‘Изгледа дека не е важно колку секс имам јас во мојот живот бидејќи сеуште се радувам на времето кое си го посветувам сам на себе бидејќи не морам да се грижам околу тоа дали на некој друг му е убаво, па можам да се препуштам и да бидам себичен.’

‘Неколку пати ми се има случено да мастурбирам кога ке отидам до тоалет, а мојата девојка и нејзината мајка се во дневната соба. Веројатно самата помисла дека можеби ќе бидам фатен на дело ми ја дава таа трошка на возбуда која ја прави самата работа феноменална’

‘Мастурбацијата ми пружа шанса да ги исполнам своите фантазии, без разлика дали е во прашање тројка или пак орален секс додека возам, или мојата девојка да ми збори ‘dirty’ начин…’

‘Секогаш кога патувам можам да се возбудам и мастурбирам веднаш кога ќе се пријавам во првиот хотел, откако ќе влезам во собата. Нешто околу новите градови и новиот кревет многу ме возбудува’

Историјата на мастурбацијата е долга и е преполна со бизарни примери и митови во кои навистина е тешко да поверувате. Тие се толку бесмислени да е неверојатно дека луѓето можат да поверуваат во такви глупости…

 

Прочитајте ги и следниве статии:

7 факти за изневерувањето!

Еве што помага при импотенција

Она што не сте го знаеле за оралниот секс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: