Еден 66 годишен човек починал во четврток за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираат против владините мерки за штедење, јавуваат грчките медиуми.
Мажот, кого медиумите го опишуваат како средновечен синдикалец, умрел од срцев удар за време на протестот, пренесува Би-Би-Си. Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите се повредени најмалку 16 луѓе. Грчките работници во четврток започнаа 24 часовен штрајк, втор за три недели, со кој на Европската унија(ЕУ) и порачуваат дека новото кастрење на платите и пензиите само ќе ја влоши состојбата во земјата која веќе пет години е во рецесија. На повик на двата најголеми синдиката на штрајкот одговорија вработените во јавниот сектор, како и голем број работници, јавува Ројтерс. Улиците на Атина во четврток осамнаа пусти. Замреа активностите во пристаништата, јавниот превоз е отежнат, во болниците дежураат итните служби, а затворени се административните објекти, министерствата и повеќето продавници, дури и пекарите. Заради штрајкот се затворени и киосците со весници, а штрајкуваат и адвокатите, таксистите и контролорите на летови. Грција е погодена со најтешката криза по Втората светска војна и со кастрења на трошоците мора да заштеди најмалку 11,5 милијарди евра.
Макфакс