Кривопаланчанка завршила во болница со повреди откако била физички нападната од сопругот.
– На 24.03.2024 во 22.10 часот во ОВР Крива Паланка од страна на дежурен лекар од Општа болница Крива Паланка било пријавено дека кај нив со повреди била донесена 43-годишна жена од Крива Паланка. Според пријавеното, жената се здобила со повредите бидејќи била физички нападната од нејзиниот сопруг С.М.м, известуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.