Сигурно мислите дека единствените нешта на кои паѓа една дама се парите и убавото тело, но не е така. Не сите жени денес, се воодушевуваат на еден маж кој е богат ,влијателен и згоден, има и други работи кои тој треба да ги поседува. Повеќето од дамите денес мечтаат да најдат еден комплетен маж, во кој ќе гледаат совршенство, но знаеме дека тоа не постои.
Треба да најдете некој кој ќе го направи нашиот живот совршен со неговото внимание и грижа кон вас. Кои се тие други нешта кои можат да го освојат срцето на една дама денес?
Жените сакаат мажи со избалансирана телесна тежина, тие не сакаат слаби момци, туку напротив силни мажи, покрај кои ќе се чувствуваат заштитено во секој момент. Дамите секогаш прво нешто што го забележуваат кај еден маж се нозете. Сигурно ова ви било чудно, но тие не сакаат мажи кои немаат убави нозе.
Оваа особина кои тие ја бараат ќе ве зачуди уште повеќе, тоа е дека дамите денес сакаат мажот на нивното срце да има лузна на лицето или на телото, тоа за нив е секси иако лузните кај секого предизвикуваат непријатност и секој сака да се ослободи од нив, размислете момци на дамите им се допаѓа тоа. И последното нешто што сакаат дамите денес, е добри момци тие не паѓаат на силни, влијателни, арогантни момци, такви сигурно не можат да го освојат нивното срце.