Спонзори го напуштаат велосипедизмот

 

Холандската банка „Rabobank“, соопшти дека ќе престане да вложува во велосипедизмот, откако „е загубена довербата во овој спорт“.

Банката најави дека кон крајот на оваа година, по 17 години вложување во велосипедизмот, ќе престане со спонзорирањето на машките и женските велосипедски тимови.  Членот на одборот на банката Берт Бругинк, рекол дека „со тешко срце“ била донесена одлуката и дополнил дека повеќе не е уверен дека професионалниот велосипедизам “е способен да стане чист и чесен спорт“.  За машкиот тим на „Rabobank“ возат познати велосипедски имиња како Роберт Гесинк и Луис-Леон Санчез, додека членка на женскиот тим е олимписката шампионка во друмски велосипедизам, Маријан Вос.
 
Макфакс
извор: б92

Пронајдете не на следниве мрежи: