Шест средби од второто коло, во кошаркарската Евролига, се одиграа во четвртокот.
Лијетувос Ритас на македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски убедливо, на домашен терен загуби од Барселона 49:67. Најинтересниот натпревар се одигра во Белград, каде младиот тим на Партизан беше на чекор од сензација, во дуелот со ЦСКА Москва. Рускиот тим до победата стигна во продолжението откако мечот во регуларниот дел заврши 62:62, иако Партизан го имаше последниот напад преку кој можеше да го реши натпреварот. Белградскиот тим и во продолжението имаше предност, но на две минути до крајот ЦСКА со серија од 7:0 го реши победникот. Во самиот финиш се решаваа победниците и на пресметките во Атина и Тел Авив, Панатинаикос го совлада Канту со 78:76, Макаби беше подобар од Сиена со 70:68. Резултати: Група А: Панатинаикос-Канту 78:76 (23:17, 21:26, 17:12, 17:21) Група Б: Алба-Шалон 74:71(24:25, 12:15, 15:19, 23:12) Макаби-Сиена 70:68 (14:20, 17:13, 22:19, 17:16) Група Д: Лијетувос Ритас-Барселона 49:67 (8:13, 17:14, 11:20, 13:20) Бамберг-Бешикташ 71:86 (19:24, 12:23, 11:20, 29:19) Партизан-ЦСКА 71:76 (13:14, 18:25, 15:10, 16:13, 9:14).
Макфакс