Уште еден талент на повидок на Македонската фудбалска сцена, станува збор за синчето на поранешниот Македонски репрезентативец Игор Ѓузелов.
Ице е веќе 5 месеци играч на КСВ Јабеке, а оваа фотографија е по вчерашниот натпревар во кој тимот на Ице победи со 8-1.
Му посакуваме успех на Ѓузелов-јуниор, неговиот татко имаше прекрасна фудбалска кариера, каде настапуваше за екипите на Хајдук, Шахтјор, Металург Донецк, Хапоел Петах Тиква и Серкл Бриж. За Македонската национална селекција одигра 18 натпревари притоа постигнувајќи еден погодок, играч кој е сосема добро познат на добрите познавачи на Мак-фудбалот.