Наскоро балканска верзија на Сексот и градот!

Loading...

По сите турски серии, следува вистинско освежување на тв екраните – српска верзија на познатата хит серија Сексот и градот! Насловена е како “Zene iz Dedinja” и се одвива, секако, во Белград. 
 
Серијата ги следи животите на четири модерни, и меѓусебе тотално различни жени: Клара, Чарна, Валерија и Алиса. На прв поглед, четирите живеат раскошен и убав живот, ни сите 4 се во потрага по вистинска среќа. 
Приказната почнува кога Чарна со својот сопруг Мартин, кој е позната музичка ѕвезда, се доселуваат во отмената населба Дедиње. Таму Чарна ги запознава Клара која е успешна адвоктака од позната, стара фамилија, Валерија, домаќинка која се откажала од кариерита заради семејството и Алиса која е талентиран уметник. Тие набрзо ќе се спријателат. 
Серијата на почетокот го следи нивниот идиличен живот кој потоа станува доста комплициран, поради сите тајни, уцени, сексуални афери, перење на пари…
Оваа серија е некоја комбинација на Сексот и градот и Очајни домаќинки, со балакнски шмек. Останува да ја дочекаме во Македонија. 
 
 
 
Поврзани статии:
Рекорден број пријави за Оскар за најдобар странски филм 
Џејмс Бонд се врати, подобар од кога и да е

loading...
Loading...