Запленети над 160 кг. марихуана кај Игуменица

Грчката погранична полиција заплени 167 килограми дрога од типот марихуана  кај месноста Филот кај Игуменица, која била внесена од Албанија, јави дописникот на Макфакс.
Дрогата е откриена во едно возило со грчка регистрација , кое било управувано  од страна на грчки државјанин, но била во сопственост на еден албански државјанин кој работи во Грција по кој има истрага заради шверц со дрога . Инаку според првичните информации кои ги пренесоа албанските медиуми, постои сомнеж дека дрогата била внесена од Албанија, а е наменета за грчкиот нарко пазар.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: