Клосе награден со виолетов картон

 

Германскиот репрезентативец, Мирослав Клосе, доби уште една награда во својата богата спортска кариера – виолетов картон.

Со оваа награда фудбалскиот клуб Фиорентина го поздрави неговиот потег, кога на неодамнешниот меч Наполи-Лацио, на судијата му призна дека постигна гол со рака. Фиорентина, за покажан фер плеј, секој месец наградува некој спортист.  Инаку, наградата „Cartellino viola“ ги симболизира боите на екипата од Фиренца.  За потсетување, натпреварот заврши со резултат 3:0 за Наполи, трите гола ги постигна Кавани, а Клосе при резултат 0:0 постигна гол со рака, кој судиите не го видоа. Германскиот ас потоа сам му кажа на судијата дека голот е нерегуларен.  Поради овој потег тој прими бројни честитки во Италија, но и во татковината, од Германскиот фудбалски сојуз доби награда за фер плеј. 
 
Макфакс
извор: макфакс/ фото afp

Пронајдете не на следниве мрежи: