Ф1 трката во Њу Џерси нема да се вози

 

Трката во Њу Џерси нема да се вози наредната година, уште еднаш потврди сопственикот на комерцијалните права во Формула 1, Берни Еклстон.

Главни причини за ваквата одлука се доцнењето на градежните работи и недостигот на пари во буџетот. Првично, трката беше планирана да се вози во јуни следната година.  „Нема да се вози следната година. Не знам како планираат да ги завршат сите работи за половина година, особено кога се знае какви се зимите во Њујорк. Многу работи застанаа во Њу Џерси, иако тие се обидуваат да најдат пари“, изјави Еклстон за „Eurosport“.  Одредени шпекулации говорат дека Трката за Големата награда на Мексико би можела да биде вметната во календарот на Формула 1 во сезоната 2013.
 
Макфакс
извор: eurosport

Пронајдете не на следниве мрежи: