Претседателот на Киево жали што во минатото не го купил Дрогба

 

Претседателот на калчолигашот Киево, Лука Кампедели, изјави дека во кариерата најмногу жали што не го купи Дидие Дрогба, кога имал можност да го стори тоа.

„Ние практично го имавме добиено Дрогба кога тој беше на 19-годишна возраст, но исто така моравме да ги продадеме Кристијан Магредини и Лусијано во Лацио. Кога нивните трансфери пропаднаа, не бевме подготвени да платиме три милиона фунти за Дрогба“, изјави за италијанските медиуми Кампедели.  Првиот човек на Киево рекол дека не бил подготвен да преземе толкав ризик.  „Дрогба имаше само 19 години, но нашиот директор Луиџи Сартори го имаше веќе гледано и едноставно беше вљубен во него, едноставно го обожуваше. Можам само да кажам дека во тоа време ни недостигаше малку претприемачко лудило, но гледајќи наназад, тоа тогаш би бил вистински ризик“, рекол Кампедели.  Дрогба во кариерата има играно за Ле Ман, Генган, Олимпик Марсеј и Челзи, во моментов е член на кинескиот клуб Шангај Шенхуа.
 
Макфакс
извор: б92

Пронајдете не на следниве мрежи: