Дваесет идвегодишно момче од Масачусетс изгребало лоз и освоило 30,5 милиони долари, само еден ден откако претходно го оставила девојката.
На Сандип „Сани“ Синг веќе извесно време ситуацијата не му била розова, кој по смртта на својот татко морал да го прекине студирањето за да му помогне на семејството околу сметките, хипотеката и секојдневните трошоци.
„Најпрво ќе ја отплатам хипотеката да немам повеќе грижи со тоа, но во моментот не знам што ќе правам со парите. Веројатно ќе продолжам да студирам“, рече Сани, кому лозот му го купила неговата сестра. Тој додаде дека овие 30 милиони му помогнале малку да заборави на раскинувањето и се пошегува, додавајќи дека се надева оти сега нема да го повика поранешната девојка.
Макфакс