Од одделение на милиција за специјални работи во 1981 година со 11 припадници, до една од најелитните единици за антитероризам во Европа и „најударна игла“ на полицијата во земјава… Специјалната антитерористичка единица – „Тигар“ ја одбележува 44 годишнината од своето формирање…
Во впечатливите црни униформи, рамо до рамо стоеја наредени „под конец“ додека се интонираше химната во нивна чест..
А, потоа, заедно со присутните им оддадоа чест на своите „браќа“ по униформа од кои повеќето во борба ги загубија животите во претстрелката со терористите во кумановско „Диво насеље“ – пред речиси 10 години…
Паднатите херои од оформувањето на еденицита подоцна до еден беа споменати, а членови на семејствата добија постхумно благодарници, од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
Командантот на Тигрите, Драган Прокопоски кој најави интензивирање на тренинзите и соработката со останатите елитни единици во Европа, се со цел зачувување на уставниот поредок и суверенитетот на државата, вели дека 13 март, е најголемиот потсетник на суштината на нивното постоење…
„Ден што не потсетува на нашата мисија, на нашето постоење и нашата одговорност кон татковината, ова е ден, кога со гордост ја славиме историјата и традицијата на САЕ Тигар, но и ден, кога со длабока почит се навраќаме кои ги изгубија своите животи при извршување на своите задачи. “
Тошковски пак посочи дека САЕ Тигар, поради професионалнста, истрајноста и храброста претставува гордост на како на МВР, така и на цела Македонија.
„Трудот, знаењето, стручноста и нивото на професионален и човечки интегритет, пожртвуваност и достојност се карактеристиките кои ги поседуваат секој еден припадник на единицата и кои генерираат вкупен кредибилитет на САЕ „Тигар“. “
Во меѓувреме, во тек е и целосна реконструкција на центарот за обука во Идризово, кој според замислата, треба на сите идни полициски службеници, но и вработени во МВР да им овозможи соодветно и професионално усовршување по сите модерни стандарди на полициско работење.
The post 44 години од формирањето на „Тигрите“ Денеска се одбележаа 44 години од формирањето на „Тигрите“. appeared first on 365.mk.



