44-годишна жена од Јосифово, валандовско била прегазена доцна синоќа.
На 07.05.2024 во 23.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од село Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С.(44) од село Јосифово, валандовско. По несреќата Р.С. била пренесена во Медицински центар Струмица, каде што од лекар била констатирана смрт, соопштија од полицијата во дневниот билтен.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.