Шест припадници на турските безбедносни сили и тројца борци на забранетата Работничката партија на Курдистан (PKK) загинаа во судирите во ноќта кон саботата, соопштија турските власти.
Тројца припадници на специјалната полиција и тројца припадници на PKK загинале во судир покрај автопатот во регионот Хакири во пограничниот појас со Ирак и Иран. Во друг инцидент во покраината Битлис, северно од Хакири, во напад на курдски герилци убиени се три припадници на селска милиција,а ранет е еден војник и тројца припадници на локалната селска стража. Минатото лето PKK ги засили своите напади врз турските безбедносни сили, на што Анкара возвраќа. PKK, која голем број држави ја сметаат за терористичка организација, прогласи едностран прекин на огнот во август 2010 година, но минатата година се закани дека ќе се откаже од прекинот на огнот поради неуспешните преговори на турските власти со Курдите. Според податоците на турските воени извори, во судирите на турските власти со Курдите односно од почетокот на бунтот на Работничката партија на Курдистан во 1984-та, загинале повеќе од 45 илјади луѓе, со мнозинско курдско население каде се главните бази на PKK, агенцијата Anatolia, пренесува дека курдското бунтовничко движење во оваа област имал неколку единици составени исклучиво од жени борци.
Макфакс