Запленет еден тон марихуана на албанско-грчката граница

Албанската полиција во петокот навечер  во јужниот дел на земјата заплени еден тон дрога од типот марихуана, соопшти албанското МВР.
Дрогата била откриена на Граничниот премин „Какавија“ меѓу Албанија и Грција во една цистерна за превоз на нафта на фирмата „Леарти транс“ од Албанија. Во акцијата уапсен е возачот Олси Берхами, инаку албански државјанин. Во цистерните имало додадени посебни кабини каде биле сместени пакувањата со дрога . Само во петокот во три различни акции  во јужниот дел од Албанија и на самата граница со Грција беа запленети над 1,3 тони марихуана произведена во Албанија, а наменета за грчкиот нарко пазар.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: