Најобразованите во Холивуд

Освен што овие луѓе успеаа да станат икони во нашата поп култура, успевајќи како глумци, спортисти итн, тие напорно работеле и за да заслужат факултетски дипломи.Некои од личностите на овој список можеби ќе ве изненадат, бидејќи можеби не сте ги очекувале баш овде.
 
 
Прекрасната Natalie Portman на јавноста и е позната како Amidala од “Star Wars”, како амбициозната балерина од “Black Swan”, за којашто улога таа доби и Оскар. Но малку луѓе знаат дека оваа глумица родена во Израел исто така може да се гордее со уште едно достигнување – диплома од Харвард од областа на психологијата. Natalie исто така посетувала еврејски универзитет во Ерусалим, а течно зборува уште 3 јазици – француски, хебрејски и јапонски.
 
 
 
 
 
 
 
 
Легендарниот Michael Jordan е познат како еден од најдобрите, ако не и најдобриот кошаркар на сите времиња. Иако како студент MJ најголемиот дел од своето време го поминувал во тренинг вежбајќи слободни фрлања и забивања, успеал да одвои време и за книгите. Michael Jordan дипломирал на универзитетот North Carolina, а има диплома од географија.
 

 
Hugh Heffner, вечниот Playboy, основачот на легендарното списание, исто така може да се пофали со диплома од престижен факултет. Иако целиот живот го помина во друштво на убавици, славниот Hefво младите години го загреал столчето и добил назив психолог од универзитетот Illinois.
 
 
Популарната Phoebe од FRIENDS, или Lisa Kudrow има дипломирано биологија на Vassar College во градот Poughkeepsie во државата New Yorkво САД.
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
Denzel Washington, еден од најпопуларните холивудски глумци, освен легендарните улоги во филмовите “Training Day” и “The Preacher’s Wife”, може да се пофали дури со две дипломи – новинарство и драмска уметност од Fordham универзитетот во New York.
 

 
 
 
 
 
 
 
 
Сепак најголем рекордер меѓу ѕвездите на полето на образование останува James Franco, 34-годишниот глумец, кој досега има запишано дури 5 факултети. Дипломирал на универзитетот California Los Angeles, каде добил диплома за англиски јазик, но и понатаму студира на New York универзитетот, Columbia, Brooklyn Collegeи Warren Wilson College.
 
 
Погледнете ги и следниве статии:
Холивудските актери-секси цел живот 
Кои се најхуманите ѕвезди во Холивуд 
Пет долги холивудски бракови кои завршија со развод
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: