Жените ја обожаваат а мажите ја толерираат. Во истражувањата за предиграта, се покажува дека во завиосност од полот, луѓето различно ја разбираат предиграта.
Дури 88 проценти од испитаните мажи открија дека уживаат во предиграта, а само 12 проценти би преминале директно на секс, без никаков вовед. Најголем дел од мажите сметаат дека идеалното време за предигра е 15 минути, а мал дел смета дека е потребно дури половина час додека да влезат во “штосот”.
Постојат и мажи кои би сакале предиграта да трае само 5 односно 10 минути. Цели 28 проценти од испитаниците сметаат дека пригушени светла се доволни за предигра, 24 проценти би зготвиле романтична вечера за да дојдат до идеалното расположени, а 8 проценти сакаат и добра музика за време на предиграта и самиот чин. Но неверојатни 40 проценти едноставно само би и пришле на партнерката, кажувајќи и дека се расположени за секс.
Скоро кај 50 проценти од мажите важни се бакнувањата по целото тело и т.н. dirty talk, а околу 30 проценти сметаат дека оралниот секс е најдобриот начин да се почне предиграта!
Поврзани статии:
Големината сепак е битна!!
Приредете му оргазам за паметење
Помалку коса-повеќе секс