Џон Тери ќе остана капитен на англискиот премиерлигаш и актуелен европски фудбалски шампион Челзи, и покрај суспензијата со која го казни Англиската фудбалска федерација (FA) поради навреда на разна основа на сопернички играч.
„Џон ќе продолжи да биде капитен на нашиот клуб. Преземавме остри дисциплински казни кои одговараат на околностите”, изјави во саботата за радиото TalkSport, Брус Бак, претседателот на Челзи.
Претседателот на лондонскиот клуб изјави дека Тери е казнет со „многу” повисока парична казна којашто му е досудено на некој играч на Челзи, но не сакал да каже за која сума станува збор.
Три беше казнет од FA со четири натпревари неиграње и парична казна од 270 илјади евра, бидејќи расистички го навредуваше играчот на Квинс Парк Ренџерс, Ентоан Фердинант во октомври 2011 година. Тери не се жалеше на одлуката на FA, иако во јули годинава британското правосудство го прогласи невин за истиот случај.
„Земавме предвид дека судот го ослободи, но секако ја земавме предвид и одлуката на FA која ја почитуваме”, додаде Бак нагласувајќи дека сопственикот на клубот, рускиот милијардер Роман Абрамович учествувал во носењето на одлуката за клупската казна за Џон Тери.
Макфакс
извор: AFP