Поранешниот англиски репрезентативен и сега голман на третолигашот Шефилд Вендседеј, Крис Кикланд, бееш нападната од навивач на Лидс Јунајтед за време на натпреварот меѓу двата клуба кој заврши со резултат 1:1.
Крис Киркланд, 31-годишен поранешен голман на премиерлигашот Виган Атлетик, кој една во 2006 година настапи и за англиската фудбалска селекција, беше соборен на теренот од удар во главата откако еден навивач втрча на теренот по изедначувачкиот погодок на Лидс Јунајтед во 77 минута.
Откако на Киркленд му беше пружена лекарска помош, тој го продолжи мечот на „Хилсбороу”.
Макфакс
извор: Reuters