Луѓето отсекогаш ја имале таа страст својата инспирација да ја истурат во градба која ќе стои со стотици, можеби и илјадници години во иднината.Можеби токму тоа е причината што се чувствуваме така почестени кога ќе застанеме и ќе погледнеме некое грандзиозно архитектонско дело. Низ историјата, луѓето граделе објекти кои служеле како инспирација на многумина во многу животни области. Тие едноставно стануваат дел од секојдневието, стануваат жиг на градот кадешто се изградени.
Современата технологија во градежната индустрија дозволува се полесно да ги остваруваме нашите замисли во архитектурата, па тоа секако значи дека низ светот веќе постојат неверојатно градби. Еве некои од најинтересните кои ни фатија око, а кои сметаме дека не се толку познати да сите веќе ги знаете.
1. De Young, Музеј, San Francisco, US
Некои архитекти се обидуваат да постигнат некаков ефект со обложување на градбите со метал, но на овие навистина им успеало. На de Young, градба која е стара само 4 години, тие го прескокнале веќе традиционалното обложување со стакло и челик, и наместо тоа искористиле 450.000 килограми декориран бакар, обложен со разни заштити за да не ја изгуби својата боја. Инспирацијата за оваа градба се старите храмови на Маите.
2. Музеј на Исламската Уметност, Doha, Qatar
Украсена со традиционалните исламски украси, оваа градба претставува вистинско ремек дело, и во вистинско светло ја прикажува исламската уметност. Овој музеј се наоѓа во дел од градот Dohaкаде неверојатно брзо и интензивно се градат т.н. “чудовишта”од згради, така што оваа фантастична градба дава вистинско чувство на смиреност и нуди елеганција во изгледот на градот.
3.Новиот Музеј на Современа Уметност, New York City, USA
New York е познат по тоа што отсекогаш го користи талентот на локалните архитекти, но во случајот со новиот Музеј на Современа Уметност, решија да увезат инспирација од Јапонија, и очигледно јапонскиот тим си ја завршил својата работа, бидејќи оваа градба изгледа како вистинско освежување за “градот што не спие”.
4. Taipei Tower – Taipei, Taiwan
Со години наназад, Taiwan, како и поголемиот дел од државите во источна Азија, избегнува изградба на превисоки градби поради избегнување на катастрофална штета од земјотреси. Сепак, развојот на бетон збогатен со минерали, кои им дозволува на градбите да “растат”, да се издигнуваат високо без притоа да се жртвува стабилноста и силата на структурата, беше и тоа како добро искористен во 2004 година, кога се издигна оваа фантастична градба во Taipei.
5.Turning Torso – Malmo, Sverige
Frank Lloyd Wrightво 2005 година успеа да направи вистинско ремек дело во Malmo, со тоа што дизајнираше зграда која прави ротација од 90 степени во своето издигнување. Оваа идеја на Wrightмногу му ја олесни работата во добивање на инвеститори за проектот, што е добар знак дека креативноста се исплати. Turning Torso е една од повеќе градби низ светот, кадешто е актуелно менувањето на формата во одредени делови.
Прочитајте ги и следниве статии:
Џиновски постери на голи мажи ја шокираа Виена
5-те најбогати луѓе низ историјата
Кои се најголемите нарко-босови на сите времиња?