Чуда се случуваа на „Вајт Хајт Лејн“

 

Голема драма на фудбалскиот натпревар од Англиската Премиер Лига помеѓу екипите на Тотенхем и Челзи, паднаа 6 погодоци во мошне возбудлив натпревар каде трите бодови ги освои гостинот.
Битката за Лондон ја доби екипата на Челзи во мошне возбудлив натпрева против ривалот Тотенхем кој се водеше како домаќин на мечов.
Први поведоа гостите преку Кејхил во 17-тата минута. На полувреме резултатот гласеше 0-1 за Челзи.
Во вториот дел настана вистинска драма на мечов,само што почна вториот дел, по две минути игра Галас стрелаше за 1-1, а само седум минути подоцна Дефо направи пресврт и погоди за 2-1.
Но, потоа следеше одговорот на тандемот Азар-Мата, во 66-тата минута дојде до израмнување на 2-2, голот го постигна Мата, а само три минути подоцна повторно пресврт, овој пат за Челзи, повторно Мата. И кога домаќините тргнаа барем на бод од овој натпревар, Стариџ во 90-тата минута ги скрши надежите на домаќините за евентуален бод, конечни 2-4.
Фото: goal.com
 

Пронајдете не на следниве мрежи: