17-годишниот Борко Ѓорѓиев одигра уште еден натпревар за тимот на Интер Запрешиќ, младиот Борко играше на дуелот со Динамо Загреб на домашен терен, каде неговиот тим загуби со 0-2.
На овој натпревар Ѓорѓиев асистирал при погодок за својата екипа, но, голот бил поништен, тимот на Интер би повел 1-0 со тој гол.
Ова е веќе четврти натпревар за Ѓорѓиев, фудбалер кој настапува за Хрватската селекција за играчи до 17-годишна возраст, а кој неодамна во изјава за „Пулс24“ изјави дека со задоволство би играл за селекцијата на Македонија.
Според информациите, сеуште нема никаква реакција од ФФМ за ангажман на Борко Ѓорѓиев во младите селекции на Македонија.
Фото: Ѓорѓиев во дуел со Пивариќ (лево)
Борко Ѓорѓиев во интервју за „Пулс24“: Би бил пресреќен доколку еден ден заиграм за Македонија!!!