Ракометарите на Металург со висока победа против Санкт Петерсбург во преполната сала „Борис Трајковски”, ги завери претходните две против Шамбери и Горење Велење.
Во резултат од 32:19, Металург покажа дека е многу поквалитетен клуб од рускиот. Победата се наѕираше уште во првите минути, кога Металург поведе, но по десетина минути дозволи противникот да изедначи на 5:5, и потота 6:6, но тоа беше се што видовме од Санкт Петерсбург.
Надмоќната игра на Металург не можеше да се спречи, па разликата постојано растеше.
На полувреме се отиде со разлика од четири гола (15:11) за Металург.
Второто полувреме почна фуриозно. Без ниту еден примен гол Металург ги помина првите минути, се додека на противникот не му беше досуден пенал.
Но Русите, тука и застанаа. Металург направи серија од 11 гола, а разликата веќе не беше важна. Најефикасен поединец на Металург беше Вугринц со 11 погодоци, а по него следат Мојсоски, Миргкулоски и Манасков со по четири гола.
Секако, незаменливиот Дарко Станиќ на голот, имаше голема заслуга за надмоќта на Металург, особено во вториот дел кога на двапати едноподруго гостите направија контри, но тие застанаа во нозете на Станиќ.
Макфакс