Реал подобар за два гола од Селта

 

Фудбалерите на мадридски Реал во премиерниот саботен дуел од 8-то коло на шпанската Примера, на сојот „Сантјаго Бернабеу” со 2:0 ја совладаа Селта Виго.

„Кралевите” пред натпреварот имаа големи проблеми поради големиот број повредени одбранбени играчи, па Жозе Мурињо одвај ја скрпи одбраната. Стрелци за Реал Мадрид беа Аргентинецот Гонзало Игуаин во 11 минута и Португалецот Кристиано Роналдо од пенал во 67 минута.
 
Со овој погодок Роналдо сезонава постигна девет во Примера, и засега е осамен на првото место од листата на најдобрите стрелци.
 
Реал со оваа победа се искачи на четвртото место со 14 бодови, но и натаму има пет бодови заостанување зад водечката Барселона која во сабота дона навечер гостува во Ла Коруња.
 
Во вториот меч од саботната попладневна програма во најсилната шпанска фудбалска лиги, Малага со 2:1, со пресврт што го направија головите на Иско во 37 и Хоакин во 88 минута, го совлада Реал Вајадолид кој поведе во 9-та минута преку Манучо. Малага е на 3-та позиција со 17 бодови, два помалку од водечките Барселона и Атлетико Мадрид кои имаат и меч помалку, додека Реал Вајадолид засега е 8-ми со 10 бодови, но во зависност од резултатите може да падне и за повеќе места подолу.
 
Макфакс
извор: Mакфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: