Екипата на МЗТ поразена се враќа од гостувањето кај Сплит во натпреварот од АБА лигата, каде резултатот гласеше 73-65 во корист на домаќинот.
Првата четвртина ја доби тимот на Сплит со минимална предност од 18-17, втората четвртина домаќинот ја доби со резултат 19-17. Резултатот по првиот дел гласеше 37-32 во корист на домаќинот.
Во вториот дел, во третата четвртина се играше интересно, но повторно домаќинот подобар со резултат 15-12, додека пак последната четвртина заврши нерешено со резултат 21-21. Конечниот епилог од мечот гласеше 73-65 во корист на домаќинот Сплит.
Кај екипата на Сплит најдобар поентер беше Мимица со постигнати 22 коша, додека пак кај нашиот претставник Дејвис со 16 коша беше најдобар поентер.
Наредниот натпревар нашиот претставник го игра во сабота со почеток од 17,00 часот.