Дефанзивецот на премиерлигашот Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, одби да излезе на теренот со маица за поддршка на акцијата за борба против расизмот.
Сево ова се случува откако Џон Тери доби само четири меча суспензија поради навреда над Антон Фердинанд (братот на Рио) на расна основа, додека од судот е ослободен од одговорност, ова наиде на огромна критика, а Рио Фердинанд одби да ја поддржи акцијата за протест.
„Разочаран сум, бидејќи на конференцијата за медиумите во пресрет на натпреварот ветив дека сите мои играчи ќе носат ги носат маиците. Фердинанд ме посрамоти и ќе одговара за ова, бидете сигурни“ изјави Фергусон.
Фото: goal.com