Во 8-то коло од фудбалското првенство на Шпанија, во победата на Барселона кај Депортиво од Ла Коруња од 5:4, Лионел Меси постигна три гола, што е негов 21-ви хет-трик во Примера.
Аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси сега со 11 голови е на листата на најдобрите стрелци во најсилната шпанска лига, два повеќе до најголемите ривали Кристиано Роналдо од Реал Мадрид со 9 и Рамадео Фалкао од Атлетико Мадрид со 8 погодоци.
Меси досега годинава во дресот на Барселона и за аргентинската репрезентација има постигнато 71 гол, што е само четири помалку од рекордот кој во 1959 година го постави легендарниот бразилски фудбалер Пеле, кој инаку е голем противник на тврдењата дека Аргентинецот во моментов е најдобар фудбалер на планетата. Тоа значи дека Меси до крајот на 2012 година има реални шанси да го надмине рекордот на Пеле.
Макфакс