„Организацијата и реализацијата на денешниот настан се одржа совршено благодарејќи на нашите спонзори и поддршката која ја имавме од Град Скопје. Очигледно е дека сите учесници се расположени и убаво си поминуваат на овој забавен настан. Сакам да им се заблагодарам на сите кои учествуваа во денешната трка и да им честитам на победниците.“ истакна Методија Саздов, претседател на организацијата „Прв до Врв“.На плоштад Македонија во склоп на Новогодишен базар „Подари среќа“ се одржа третата по ред Дедомразовска трка. 450 Дедомразовци се натпреваруваа во три категории на трката која беше долга 2 километри.
„Организацијата и реализацијата на денешниот настан се одржа совршено благодарејќи на нашите спонзори и поддршката која ја имавме од Град Скопје. Очигледно е дека сите учесници се расположени и убаво си поминуваат на овој забавен настан. Сакам да им се заблагодарам на сите кои учествуваа во денешната трка и да им честитам на победниците.“ истакна Методија Саздов, претседател на организацијата „Прв до Врв“. Тој додаде дека им е многу драго што трката добива традиционален карактер и што се организира на ниво како и во другите светски метрополи.
Победниците од категоријата на млади од 3 до 1 место беа: Ива Цветковска, Калина Марковска и Марко Јовановски. Во категоријата женски 3 место освои Ивана Кипријановска, 2 место освои Тамара Славевска и 1 место освои Рената Соколовска. Во категоријата мажи 3 место освои Богдан Цветковски, 2 место освои Атанас Анчевски и 1 место освои Дарио Ивановски.
Учесниците ја започнаа трката во 12.00 часот и истрчаа 2 километри. На најдобрите им се доделија награди и медали од страна на претставници од Град Скопје, Конгресен центар „Александар Македонски“ и Кока – Кола. За другите имаше организирано лотарија и им се доделуваа разни подароци.На плоштад Македонија во склоп на Новогодишен базар „Подари среќа“ се одржа третата по ред Дедомразовска трка. 450 Дедомразовци се натп