Според пишувањата на одредени шпански медиуми, Гвардиола би можел да се пресели во екипата на Баерн Минхен, и покрај тоа што многумина го поврзуваа со тимот на Милан.
Овие шпекулации ги потврдува и поранешниот соиграч на Гвардиола, Лука Тони.
„Се распрашуваше за Баерн. Мислам дека филозофијата со која тој работи тој клуб многу му се допаѓа. Убеден сум дека би се вклопил во тимот од Минхен. Би донел нешто ново во германскиот менталитет“ вели Лука Тони.