Папата прогласи седум нови светци, меѓу нив и првата Индијанка

Папата Бенедикт Шеснаесетти во неделата прогласи седум нови светци на Католичката црква, од кои двајца се од регионот н САД, а меѓу нив и првата Индијанка која е прогласена света.
Станува збор за Катери Текавајт, првата светица од црвената раса којашто живеела во XVII век. Откако побегнала од племето во коешто живеела поради договорен брак, се сокрила во едно канадско племе во кое потоа целиот живот му го посветила на Исус. Починала со навршени само 24 години,а ѝ се припишуваат низа чудесни исцелувања. Процесот на нејзината канонизација го започна папата Јован Павле Втори во 1980 година. Уште една нова светица е сестрата Мариана Копе, калуѓерка на Третиот франевски ред од американскиот град Сиракјуз, која сѐ до својата смрт во 1918 година се грижела за лепрозните. Катери е „инспирација за домородните верници во Северна Америка“, а Копе е „светол пример на католицизмот“, изјави папата Бенедикт Шеснаесетти. Еден од новите светци е и филипинскиот тинејџер од XVII век Педро Калунгсод, кој им помагал на језуитските свештеници да ги преобратат домородците на островот Гуам кој бил убиен од локалните жители кои се спротиставувале на покрстувањето. На плоштадот Свети Петар во Рим во неделата се собраа аџии од целиот свет, а американските Индијанци накитени со перли и пердуви пееја од утрината пред мисата песни посветени на Катери. Откако во 200 година стана поглавар на Римокатоличката црква, Бенедикт Шеснаесетти,  покрај, седумте последни, прогласи за свети вкупно 44 личности. Во долгогодишната процедура, Католичката црква за свети ги прогласува лицата за коишто ќе се утврди дека се поврзани со најмалку две чуда. Во проповедта одржана во текот на мисата, Папата им оддаде признание на новите светци, велејќи дека тие се пример за целата црква, бидејќи со херојската храброст ги минале своите животи во целосна посветеност на Бог и благородното служење на своите браќа“. За свети се прогласени и Жак Бертју, француски језуит од XIX век, потоа Џовани Батиста Паимарт, Италијанец кој ја основал католичката печатници и издавачка куќа во Бреша, шпанската чесна сестра Мариа дел Кармен која се занимавала со образование на децата и подобрување на животните услови на жените работнички, како и Германката Мариа Шаефер која станала пример за болните и оние кои патат бидејќи откако паднала во жешка вода и добила изгореници на нозете кои никогаш не зараснале, па со години живеела со големи болки.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: