Во неделните дуели од 8-то коло на Англиската Премиер лига, Квинс Парк Ренџер и Евертон одиграа 1:1, како и Сандреленд и Њукасл.
Евертон со играч помалку успеа да остане непоразен на гостувањето нај последниот Квинс Парк Ренџерс, благодарејќи на автоголот што го постигна Хулио Сеезат во 33-та минута, откако во 2-та минута домашните поведоа преку Џуниор Хојлет. Евертон од 61-та минута играше без исклучениот Стивен Пиенар. Евеертон така, сега има 15-бодови на 4-то место и заостанува два бода зад манчестерскиот двоец кој го дели 2-ти и 3-то место, додека за седум бодови е зад лидерот Челзи. КПР, пак, дојде до само до третиот нерешен резултати и третиот бод.
Иако поведе на гости уште во 3-та минута преку Јохан Кејбеи. Њукасл Јунајтед не успеа играјќи повеќе од еден час без исклучениот Чик Тиоте, не успеа да прокнижи три бода на теренот на Сандерленд, бидејќи во 85-та минута Демба Ба ја затресе сопствената мрежа. Нукасл е11-ти со 10 бодови, а Сандерленд останува на истата разлика од два бода помалку на 14-то место.
Макфакс
извор: Mакфакс