Заштитниците на животните протестираат во Истанбул

Илјада заштитници на правата на животните протестираа во неделата во турската метропола Истанбул против владината програма да ги оддалечи животни кои талкаат низ градовите и го критикуваа законт кој животните ги осудува на смрт.
Околу четири илјади турски активисти за заштита на животните скандираа разни слогани додека чекореа по централниот истанбулски плоштад Таксим зад големиот транспарент „Не за законот што животните ги осудува на смрт“. Демонстрантите ги критикуваа настојувањата на владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган да ја елиминира бројната популација кучиња и мачки скитници, за кои тврдат дека бранителите на животните дека ги хранат и стерилизираат. Активистите, исто така, бараат до владата да се откаже од овој закон кој покрај другото го ограничува и бројот на домашни миленици, Тој текст од предлог-законот наскоро треба да биде даден во парламентот на гласање. Во септември гласањето за овој закон беше одложено до неодреден датум по протестите на повеќе до 10 илјади активисти низ целата земја. Активистите стравуваат дека преместувањето на животните надвор од градоите че доведе до повторувањето на настаните од 1910 година, кога кучињата и мачките скитници биле ловени на улиците на Истанбул и префрлени на еден близок остро каде умирале од глад.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: