Екипата на Турново, по одиграните натпревари од 10-то коло во Првата македонска фудбалска лига е нов лидер на табелата.
Турново, минимално го победи Напредок, додека актуелниот првак Вардар ремизираше во дербито со Металург. Турново до победата над Напредок стигна со голот на Блажевски од пенал, постигнат во 76-та минута. Вардар на „Филип Втори“ имаше негатива против Металург од 18-та минута, кога Далчески го отвори резултатот. Конечните 1:1 ги постави Маневски во 48-та минута. На остантите натпревари Силекс го победи Пелистер со 2:0, додека без победник завршија мечевите Дрита-Шкендија 2:2, односно Тетекс-Работнички. Табела: 1. Турново 21 , 2. Вардар 20, 3. Металург 19, 4. Шкендија 18, 5. Напредок 16, 6. Ренова 14, 7. Брегалница 13, 8. Дрита 13, 9. Пелистер 11, 10. Работнички 11, 11. Силекс 8, 12. Тетекс 4.
Макфакс