Активистите на движењето Самоопределување почнаа насилни протести во Приштина заради средбата на косовскиот премиер Хашим Тачи со српскиот премиер Ивица Дачиќ.
Активистите на Самоопределување фрлаа врз полицајците со скапани домати и камења, а полицијата возврати со солзавец. Агенцијата Бета јави дека на обете страни има повредени, но бројот засега не може да се утврди. Коха Диторе јавува дека до судирите дошло откако демонстрантите се обиделе да влезат во зградата на косовското Собрание. Протестот го предводи лидерот на Самоопределување Албин Курти и пратениците од ова движење во Собранието. Приштинските медиуми јавија дека полицијата најпрво го привела, па потоа го ослободила Курти. Силни полициски сили го обезбедуваат Собранието и Владата на Косово.
Макфакс