Штимац: Донесете ја Србија во Сплит

Селектор на фудбалската репрезентација на Хрватска, Игор Штимац, во неделата во Сплит, за време на натпреварот меѓу Хајдук и Истра, на својот профил на Facebook откри во кои градови би сакал репрезентацијата да ги одигра квалификациските мечеви со Србија, Шкотска и Белгија.
„Донесете ја Србија во Сплит, Шкотска во Осјек, а Белгија во Загреб“, напишал Штимац. Хрватскиот селектор на овој начин им испратил порака на навивачите и на првиот човек на Хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер. Хрватска против Србија, на домашен терен ќе игра на 22-ри. март, но очигледно е дека со оваа порака на Штимац ќе се интензивираат кавгите меѓу Сплит и Загреб. Сигурно е дека Хрватска со Србија ќе игра на „Максимир“ во Загреб, Шкотска ќе гостува во Осјек, додека најверојатно утешна награда за Сплит ќе биде мечот со Белгија.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: