Виланова во тимот на Барселона се повеќе и повеќе го форсира новото засилување за тимот од Каталонија, Алекс Сонг, додека пак Бускетс е во втор план што за англиските медиуми беше доволна причина да почнат со шпекулациите.
Се вели дека Бускетс уште во јануарскиот преоден рок ќе се пресели во Лондон, односно во тимот на Челзи.
Наводно, како што пренесуваат англиските медиуми, тимот на Челзи е подготвен да издвои 24 милиони фунти за ангажман на овој фудбалер.