Над 20 уапсени на Халкидики

Loading...

Повеќе од дваесет луѓе се приведени, а четири се повредени во судир меѓу демонстрантите и полицијата во неделата на полуостровот Халкидики.
Неколку стотици луѓе протестираа против планираното развивање на златен рудник во близина на туристичките локалитети во ова популарно одморалиште на северот од Грција. Покрај локалното население на протестот учествувале и активисти на левицата. Демонстрантите сметаат дека евентуалното отворање на ископи за злато ќе и’ нанесе штета на локалната екологија, а со тоа и на туризмот од кој живеат. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите кои се обидоа да влезат на територијата на која се наоѓаат планираните рудници. Притоа тројца демонстранти беа повредени, а еден полицаец беше полесно повреден од удар со камен во лицето. Приведени се вкупно 21 лице. Претставници на демонстрантите изјавија дека ќе ја продолжат блокадата на наоѓалиштата.
Макфакс

loading...
Loading...