Нацистички поздрав на партиски лидер предизвика скандал во Грција

Loading...

Употребата на нацистичкиот поздрав на партиски собир во неделата на парламентарната партија Златан зора од страна на нејзиниот генерален секретар предизвика скандал и реакции во соседна Грција.
Генералниот секретар на екстремната неонацистичка партија Златна зора, Никос Михалољакис, говорејќи пред младите луѓе од неговата партија, ја подигна својата десна рака во знак на добропознатиот нацистички поздрав. Претставниците на екстремната десница и порано го користеа овој поздрав, но ова е првпат тоа да го прави член на највисокото партиско раководство, и тоа откако првпат ова партија на повторените предвремени парламентарни избори ова лето успеа да влезе во грчкиот парламент. „Понекогаш е добредојдено да се покажат рацете така“, изјави Михалољакис за подигнувањето на десната рака во нацистички поздрав. „Но овие раце се чисти, не се извалкани. Тие не крадат“, додаде генералниот секретар на Златна зора. Снимката од настапот на Михалољакис беше прикажано на грчката државна телевизија.
Претставници на сите поголеми партии во Грција го осудија чинот на ултранационалистичкиот челник.
„Фашистичкиот поздрав не претставува само провокација, туку и дрскост“, изјави претставникот на владејачката центро-десничарска партија Неа демократиа’, Манолис Кефалојанис.
„Рецептот што го нуди Златна зора, ја доведоа Европа до катастрофа“, изјави, пак, претставник на другата коалициска партија во власт, социјалистичкиот ПАСОК. Националистите од партијата Независни Грци забележаа дека „нацистичкиот поздрав повлекува по себе нацистичко насилство“. „Сите треба да разберат дека во земјата којашто ја родила демократијата, гневот не треба да се претвори во нацизмот“, предупредија од партијата Независни Грци. Партијата Златна зора којашто има 18 места во 300-члениот парламент на Грција, категорично негира дека е неонацистичка. Меѓутоа, познато е дека таа со години печати шири таква литература. Припадници на Златна зора, па дури и некои од нејзините пратеници, се обвинувани од страна на организациите за човекови права за нападите врз странските работници и левоориентирани активисти. Во земјата којашто покрај огромната криза е погодени и од бројна нелегална имиграција, Златна зора организираше растурање на тезгите на коишто продаваат странските имигранти во Атина, потоа се јави како организатор на крводарителска акција само од Грци и која крв ќе внимава да биде давана само за Грци, потоа дистрибуција на прехранбени производи „само за Грци“ и барањето да се намали бројот на децата на имигрантите во јавните градинки. Исто така, припадниците на партијата се осомничени и за напади врз имигрантите во кои имаше тешко повредени и смртни случаи.
Макфакс

loading...
Loading...